Ерупцијата доаѓа од југоисточниот кратер Бока Нуова, што во превод значи „нова уста“, a oд кратерот тече лава долга три километри

Највисокиот и најактивен вулкан во Европа – Етна, повторно еруптира. Последната ерупција започна пред пет дена исфрлајќи облак од пепел и лава видлив со километри наоколу, пишува Евроњуз.
Ерупцијата доаѓа од југоисточниот кратер Бока Нуова, што во превод значи „нова уста“. Од кратерот тече река од лава долга три километри.
За време на претходните ерупции, околните области беа покриени со црна вулканска пепел, а сегашната предизвика само минимално нарушување.
Туристите и локалните жители засега не се алармирани за животно загрозувачка опасност.
