Владата промовира уште една мерка за поддршка на туризмот преку програмата „Ковид-19“ која се однесува на хотелиерите, а предвидува кофинансирање настани кои ќе се одржуваат кај нив: семинари, обуки и конференции.
На невладините организации, здруженијата, компаниите и институциите кои ќе ги организираат ваквите настани ќе им бидат покриени 50 отсто од трошоците.
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција соопшти дека за оваа мерка се проектирани 15 милиони денари или околу 250 000 евра со кои ќе се покријат над 500 настани.

Еден апликант ќе може да поднесе барање за максимум три настани. По реализација на настанот, ќе треба да достави фактура заедно со извештај и докази дека настанот се одржал.
„Имајќи предвид дека токму хотелиерите се најпогодени од кризата, ќе поттикнеме активности поврзани со обуки, конференции, семинари во наши хотели. Планираме покривање 60 отсто од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант,
истакна Бектеши.
За спроведување на оваа мерка ќе биде објавен јавен повик.
Мерката е најавена во третиот пакет мерки од владината програма „Ковид-19“.
