Според извештајот на Геофизичката служба на Руската академија на науките, во последните 24 часа се регистрирани околу 146 последователни потреси со јачина од 3,2 и 6,2 степени
Нов земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди крајбрежјето на далечниот исток на Русија на полуостровот Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот за земјотресот е на околу 196 километри од главниот град на полуостровот Петропавловск-Камчатски.
🔔#Earthquake (#землетрясение) M5.6 occurred 153 km S of #Petropavlovsk-Kamchatskiy (Russian Federation) 11 min ago (local time 23:06:03). More info at:
— EMSC (@LastQuake) August 2, 2025
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/Y4v5beveVW
🖥https://t.co/zKJHNSzXbC pic.twitter.com/x2SZU0OK9C
Според извештајот на Геофизичката служба на Руската академија на науките, во последните 24 часа се регистрирани околу 146 последователни потреси со јачина од 3,2 и 6,2 степени.
На 30 јули, Камчатка беше погодена од земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала. Ова е најсилниот земјотрес од 1952 година што се случил во овој регион.
По земјотресот, во делови од Русија и на бројни брегови на Тихиот Океан беше прогласена закана од силно цунами.
Заканата беше активна за бројни земји на дури три континенти.