Пред овој земјотрес, според извештаите на Геодинамичкиот институт во Атина, имало потрес и од 4,3 степени

Нов земјотрес со јачина од 5,1 степен е регистриран утрово во морската област меѓу Аморгос и Санторини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот се случил во 8:49 часот, на 21 километар југозападно од Аркесини, во јужен Аморгос, на длабочина од 15 километри.
Пред овој земјотрес, според извештаите на Геодинамичкиот институт во Атина, имало потрес и од 4,3 степени
Синоќа на грчкиот остров Санторини имало и два други земјотреси.
Првиот земјотрес со јачина од 4,2 степени се случи синоќа во 22:55 часот по локално време, вториот со јачина од 4,5 степени во 1:08 часот.
Сите земјотреси се дел од континуираната сеизмичка активност која е во тек од 26 јануари 2025 година, а според податоците од Интердисциплинарниот комитет за управување со опасности и кризи при атинскиот Универзитет. досега биле регистрирани над 19 200 земјотреси, од кои над 16 900 биле посилни од еден степен по Рихтеровата скала.
Поради ваквата состојба, на неколку острови во регионот, меѓу кои и Санторини и Аморгос, е прогласена вонредна состојба, која ќе трае до 14 март.
Надлежните комисии за процена на сеизмичка опасност и за мониторинг на вулканската активност при Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција вчера одржаа состанок за да ја оценат ситуацијата, а членовите едногласно заклучиле дека тековната сеизмичка активност се должи на подморски раседи со североисточен и југозападен правец и дека сеизмичката активност во калдерата останува на истите нивоа, додека зголемена деформација на земјата е забележана во поширокото подрачје на Санторини и постојано се следи.