Според податоците од ЕМСЦ, ова е шести земјотрес во период од околу два часа од кои најсилниот од 4,9 степени бил во 22:19 часот на 20 километри од Оја
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Грција, кај Додеканските острови, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 22:30 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на 149 километри североисточно од Ираклион и на 42 километри од Оја, крајбрежен град на северозападниот дел на грчкиот остров во Егејското Море, Санторини.
🔔#Earthquake (#σεισμός) M4.6 occurred 22 km SW of #Kamárion (#Greece) 3 min ago (local time 22:39:16). More info at:
— EMSC (@LastQuake) February 3, 2025
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/TY2tzqmbgt
🖥https://t.co/KK9mDNA5ET pic.twitter.com/SneJ7vuuQj
Земјотресот бил на длабочина од 35 километри.
Според податоците од ЕМСЦ, ова е шести земјотрес во период од околу два часа од кои најсилниот од 4,9 степени бил во 22:19 часот на 20 километри од Оја. Овој земјотрес бил на длабочина од 9,8 километри.
Во изминатите три дена регистрирани се повеќе од 200 земјотреси во областа околу грчкиот остров Санторини.
Серијата земјотреси се со магнитуда од околу четири степени според Рихтеровата скала. Најсилниот е со јачина од 5,1 степени.
Властите ги повикаа жителите да ги затворат училиштата на островот, но и на околните острови Анафи, Иос и Аморгос, да избегнуваат напуштени згради, да не се собираат масовно во затворени простори и да не патуваат по патишта каде што е веројатно дека би се случиле одрони. Се препорачува и бродовите да ги избегнуваат пристаништата Амуди и Фира.
Земјотресите предизвикаа загриженост кај жителите и посетителите на островот кои со траекти го напуштаат. Како што пренесуваат грчките медиуми воведени се и дополнителни летови за да им помогнат на луѓето да го напуштат Санторини.