По овој земјотрес во истата област бил регистриран уште еден со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала е регистриран во текот на ноќта во регионот Хинду Куш во Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар североисточно од градот Џалалабад.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
#Earthquake (#زلزله) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M5.3 || 43 km NE of #Jalālābād (#Afghanistan) || 8 min ago (local time 06:00:06). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/yaCdeMK44K
— EMSC (@LastQuake) September 5, 2025
По овој земјотрес бил регистриран уште еден со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот и на овој потрес бил на 42 километри североисточно од градот Џалалабад и исто така бил на длабочина од 10 километри.
Претходно синоќа земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Југоисточен Авганистан, по серијата земјотреси што претходно неделава ја погодија централноазиската земја, при што загинаа повеќе од 2 200 луѓе, а повеќе од 3 600 беа повредени.
Десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.
Првиот земјотрес, со јачина од 6 степени, го погоди Источен Авганистан во близина на границата со Пакистан во неделата.