„Останува апелот до одгледувачите, сигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Доколку граѓаните најдат угината дива птица во природата, апелираме за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство“, наведуваат од Агенцијата
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт со кои кај мостра од дива птица – корморан од штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца односно птичји грип.
За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој е детектиран кај дива угината прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.
Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение, со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите.
„Останува апелот до одгледувачите, сигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Доколку граѓаните најдат угината дива птица во природата, апелираме за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство“,
наведува АХВ.
Пријавата за сомнеж на случај, АХВ доби на 18 февруари, кога од страна на ветеринарно друштво од Штип, мострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување во Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.
