Овој потрес следува по серијата земјотреси што оваа недела го погодија Авганистан, а во кои загинаа повеќе од 2 200 луѓе и повредени се повеќе од 3 600
Нов силен земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди денеска источен Авганистан, објави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот е во близина на градот Џалалабад во покраината Нангархар.
Овој потрес следува по серијата земјотреси што оваа недела го погодија Авганистан, а во кои загинаа повеќе од 2 200 луѓе и повредени се повеќе од 3 600.
Првиот земјотрес од неделата со јачина од 6 степени е еден од најсмртоносните потреси што во последните години се случија во Авганистан.
Предизвика голема штета во покраините Кунар и Нангархар.
На најголем дел од преживеаните им се урнати домовите, а цели села се срушени.
Хуманитарните организации предупредуваат на намалување на ресурсите во потрагата за преживеани.
Обединетите нации и другите агенции велат дека во погодените региони се потребни храна, засолништа и медицински материјали.
Авганистан како подрачје е подложен на земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча.