Цивилите ќе можат да се евакуираат од Мариупол со автобуси од три места во градот, а ќе ја следат претходно договорената рута, која завршува во Запорожје
Во Мариупол, пристанишен град на југот на Украина е прогласено ново примирје за привремен прекин на огнот, со цел да се овозможи евакуација на цивилното население, соопшти градскиот совет.
Тој ќе биде на сила од 9 до 18 часот по локално време, јавува Би-Би-Си.
Цивилите ќе можат да се евакуираат од градот по претходно договорена рута од 11 часот по локално време.
Цивилите ќе можат да се евакуираат од Мариупол со автобуси од три места во градот, а ќе ја следат претходно договорената рута, која завршува во Запорожје, соопштија властите.
Можно е да се излезе од градот и со приватни возила, но тие ќе треба да возат зад автобусот во конвој предводен од Црвениот крст.
Ова е втор обид за евакуација на цивили, откако првиот беше прекинат по само неколку часа, поради продолжување на конфликтот, а украинската и руската страна меѓусебно се обвинија дека го прекинале затишјето.