Во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во близина на планиското село Вилја, онаму каде што гореше минатата седмица, денеска изби нов шумски пожар, а превентивно беа евакуирани две села, јави МИА од Атина.
Поради силниот ветер пожарот брзо се шири, а нефицијално предизвикана е и штета на домови.
Преку бројот за итни случаи 112, беше испратена порака до жителите на две села за превентивно да се евакуираат.
Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека интервенираат 167 пожарникари со 60 возила и два пешадиски тима, 61 пожарникар со 18 возила од Романија, 13 хеликоптери и осум авиони, меѓу кои и рускиот Бериев-200.
Паралелно, пожарот што изби во текот на ноќта во јужниот дел на островот Евија, претпладнево беше локализиран, по што, поради силниот ветер, имаше ново разгорување.
И понатаму, интервенираат 64 пожарникари со еден пешадиски тим и 26 возила, а периодично пожарот го гаснат и девет хеликоптери и еден авион.