Претходно, Ангелов соопшти дека нема активни пожари на територијата на државата, но апелираше до граѓаните да бидат внимателни ако се движат во природа
Попладнево избувна нов пожар кај тетовско Желино, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Како што посочи тој, за гаснење на овој пожар, на терен се ангажирани два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Претходно, Ангелов соопшти дека нема активни пожари на територијата на државата, но апелираше до граѓаните да бидат внимателни ако се движат во природа.