Според канцеларијата на локалниот шериф, неколку луѓе биле застрелани околу 14 часот и 30 минути по локално време, а напаѓачот „веќе не е закана“. Тој е застрелан и ранет од полицаец и е во болница. Неговата состојба се уште не е позната
Во ново масовно пукање во Америка, овој пат во фабрика во Мериленд, неколку луѓе се убиени и ранети, јавуваат локалните медиуми, но нивниот број засега не е објавен.
Пукањето се случило во фабриката „Колумбија Машин“, која произведува калапи и опрема.
Според канцеларијата на локалниот шериф, неколку луѓе биле застрелани околу 14 часот и 30 минути по локално време, а напаѓачот „веќе не е закана“. Тој е застрелан и ранет од полицаец и е во болница. Неговата состојба се уште не е позната.
Канцеларијата на шерифот исто така соопшти дека има „повеќе жртви“.