Засега нема детали ниту за убиецот ниту за причините
Две лица се убиени, а четири се повредени во пукотница утринава во ноќен клуб во градот Гери, Индијана, соопшти локалната полиција.
Според полицијата, на самото место биле пронајдени две лица без знаци на живот: 34-годишен маж во близина на влезот на ноќниот клуб и 26-годишна жена во клубот, пренесува АП.
Во престрелката се ранети четири лица, од кои едното е во критична состојба, соопшти полицијата.
Властите не ги соопштија имињата на жртвите ниту информации за тоа што е причината.