Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од проектили предизвикале пожари на згради во областите Соломјански и Шевченковски, а пожари од остатоци од беспилотни летала биле предизвикани и во гаражи и на бензинска пумпа во уште еден од главните градски окрузи, Дарницки
Најмалку две лица се убиени, а 13 се повредени во нов масовен руски напад со беспилотни летала на главниот град на Украина, Киев каде, според локалните власти, горат повеќе пожари како последица од нападот, јавуваат светските медиуми.

Според властите во Киев, остатоци од беспилотно летално удриле во кров од станбена зграда во централниот округ Шевченковски, пренесува Би-би-си.
На снимки на социјалните мрежи, кои сè уште не се независно потврдени од британскиот сервис, се гледаат експлозии на небото над Киев, додека единиците на украинската противвоздушна одбрана се обидуваат да го одбијат нападот.
Kyiv is under intense drone and ballistic missile attack. At least one residential building caught fire, the roof collapsed. pic.twitter.com/GmsC4EcJmx
— Olga Klymenko (@OlgaK2013) July 10, 2025
Украинската војска, исто така, издала предупредување за закана од напад со балистички ракети, а на жителите на Киев и било соопштено веднаш да се упатат кон најблиските засолништа, пишува „Гардијан“.
Агенцијата Франс прес јави дека десетици жители на главниот град на Украина се засолниле во централната метро-страница за време на нападот.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од проектили предизвикале пожари на згради во областите Соломјански и Шевченковски, а пожари од остатоци од беспилотни летала биле предизвикани и во гаражи и на бензинска пумпа во уште еден од главните градски окрузи, Дарницки.
Новиот руски напад доаѓа еден ден откако Москва ја нападна Украина во досега најголемиот удар со ракети и беспилотни летала од почетокот на војната пред повеќе од три години, а во кој загина најмалку еден цивил.
Имено, нападот се случи доцна во вторник кога 728 беспилотни летала и 13 крстосувачки или балистички ракети погодија повеќе градови ширум земјата.
Рано утринава, пак, воената администрација на Киев објави дека руски беспилотни летала извршиле напади во шест градски области.
„Горат станбени згради, возила, магацини, канцелариски и нестанбени згради. За жал, имаме двајца мртви. Овие луѓе беа убиени од Русите. Ова е ужасна загуба“,
соопшти шефот на администрацијата на Киев, Тимур Ткаченко, во објава на Телеграм.
Во текот на ноќта, воздухопловните сили на Украина пријавиле закана од руски напади со беспилотни летала и поголем број други региони, но засега нема информации за жртви надвор од Киев.
Руската војска досега не излегла со коментар во врска со последниот напад.
Засилените руски напади на Украина доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази разочараност од рускиот претседател Владимир Путин во однос на напорите на администрацијата на САД за ставање крај на војната.
„Добиваме многу глупости што ни ги фрла Путин, ако сакате да ја знаете вистината. Тој е се однесува многу љубезно кон нас цело време, но се покажува дека е безмилосен“,
изјави Трамп во вторникот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, изјави дека Москва е смирена во одно на начинот на кој зборува американскиот претседател и фразите што ги користи.