Високи 34 отсто од тестираните се позитивни на коронавирус
Најголем број од новозаразените се во Скопје – 420, а високи бројки има и во Велес, Тетово и Прилеп
Нов црн ковид – рекорд бележи денеска земјава со 934 новозаразени со коронавирус и петмина починати.
Според статистиката што ја соопшти Министерството за здравство, тоа е 34 отсто од направените 2 748 тестирања во 24 часа. Најмногу од новите случаи се во Скопје-420, по што следуваат Велес- 82, Прилеп-61, Тетово-58, Куманово-35, Дебар-5, Штип-20, Струга-5, Битола-33, Охрид-23, Кавадарци-19, Гостивар-18, Гевгелија-13, Струмица-30, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-8, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-8, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-20, Ресен-6, Неготино-8.
Починати се 5 лица, и тоа тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г), сите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје-273, Куманово-15, Штип-15, Прилеп-16, Тетово-21, Струга-8, Велес-5, Битола-4, Охрид-8, Кавадарци-6, Гостивар-11, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-2, Радовиш-10, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово -4, Валандово-2, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3.
Со денешната статистика, вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30 488, на оздравени е 20 448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9 058.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 13 174, активни 4 283 • Куманово 2 244, активни 379 • Дебар 336, активни 58 • Штип 1 645, активни 250 • Прилеп 1 290, активни 449 • Тетово 2135, активни 507 • Струга 819, активни 101 • Велес 721, активни 335 • Битола 670, активни 265 • Охрид 698, активни 232• Кавадарци 490, активни 208 • Гостивар 1 181, активни 185 • Гевгелија 370, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 55 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 876, активни 484 • Крива Паланка 232, активни 83 • Радовиш 230, активни 75 • Крушево 27, активни 7• Кочани 706, активни 224 • Пробиштип 192, активни 57• Демир Хисар 82, активни 16 • Македонски Брод 104, активни 8 • Пехчево 60, активни 8• Берово 209, активни 49• Валандово 102, активни 38• Виница 177, активни 67• Делчево 246, активни 115 (59 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 50, активни 20• Свети Николе 481, активни 86• Кичево 551, активни 161• Ресен 244, активни 60• Неготино 146, активни 76 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 2 748 теста се преку: ИЈЗ-817, ЦЈЗ Скопје-132, Авицена-522, Биотек-280, МАНУ -221, Жан Митрев (Филип Втори) -301, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –137, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-81, Инфективна клиника-7 и Синлаб-60. Досега во земјата се направени вкупно 246 105 тестирања на ковид -19.