Немаме право да казнуваме, но со одговорно однесување на секој поединец може да придонесеме да не се шири вирусот, апелираат од ЈСП
ЈСП Скопје апелира сите граѓани кои го користат јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од ковид-19 при користење на превозот, односно да носат заштитни маски во автобусите.
Од претпријатието посочуваат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат.
„Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје“,
информираат од ЈСП Скопје.