По настаните во САД и упадот на демонстрантите во Капитол Хил. норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе, кој во септември 2020 го номинираше американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, го промени мислење и смета дека сега тој не би требало да ја добие престижната награда.
Норвежанецот порачува дека станува збор за две одделни работи, едни се причините за номинацијата кои се издржани, а друго е однесувањето на Трамп по изборите кое, според него, дека ја доведува во прашање неговата способност да ја извршува функцијата.
„Номинацијата за Нобеловата награда за мир беше изолирана работа, конкретно за мировниот договор што го постигна на Блискиот исток“,
изјавил пратеникот за норвешките медиуми додавајќи дека сега, сепак, не е време Трамп да добие Нобелова награда за мир.
Норвешкиот пратеник, кој е член на десничарската популистичка партија Прогрес, вели дека се исплашил од тоа што Трамп ги охрабрувал демонстрантите и се шокирал од настаните во Вашингтон.
„Бев исплашен. Тоа покажува дека колку и да е силна демократијата, таа е кревка“,
вели Тибринг-Гједе за норвешките медиуми.
Инаку, пратеникот го номинираше Трам за посредувањето во постигнувањето договор меѓу Израел и обединетите Арапски Емирати. По ова, американскиот претседател доби уште една номинација од скандинавски политичар. Публицистот и член на шведскиот парламент, Магнус Јакобсон, ја номинираше Владата на САД, како и владите на Србија и Косово за договорот нормализација на економските односи кој во Белата куќа го потпишаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.