Како и соседна Данска, Норвешка ја прекина употребата на вакцината „Астра зенека“ на 11 март за да тестира несакани ефекти – ретки, но потенцијално сериозни
Норвешка, која прекина да ја користи вакцината „Астра Зенека“ против коронавирус, на нивно барање ќе им „позајми“ 216 000 дози на Шведска и Исланд, објави норвешкото Министерство за здравство.
„Мило ми е што вакцините што ги имаме на залиха може да бидат корисни, иако вакцината ‘Астра зенека’ е во мирување во Норвешка“,
рече министерот за здравство Бент Хеј.
Од 216 000 дози на вакцини, Шведска ќе добие 200 000, а Исланд 16 000.
Како и соседна Данска, Норвешка ја прекина употребата на вакцината „Астра Зенека“ на 11 март за да тестира несакани ефекти – ретки, но потенцијално сериозни.
Од дадените 134 000 вакцини, кај релативно млади луѓе со добро здравје се појавиле случаи на тешка тромбоза, од кои завршиле со смрт.
Осло чека експерти кои треба да дадат свое мислење за вакцините „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ до 10 мај.
Европската комисија (ЕК) нема да ги купи дополнителните 100 милиони вакцини од „Астра Зенека“, што се предвидува како опција во договорот за набавка на ЕУ со оваа компанија.
Портпарол на ЕК на прес-конференција рече дека рокот за спроведување на оваа опција е веќе истечен и оти ЕУ не планира да ја спроведе.
Договорот предвидува 400 милиони дози, од кои 300 милиони се нарачани, додека набавката на 100 милиони не е задолжителна.
Портпаролот, исто така, рече дека ЕК сè уште не одлучила дали ќе преземе правни мерки против „Астра Зенека“ бидејќи не ги испорача договорените количини, туку посочи дека се разгледуваат сите опции и оти конечните одлуки ќе бидат донесени во договор со сите земји-членки на ЕУ.