Повторно се вратени во функција далекуводот и трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“
Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје, информираат вечерва од Електродистрибуција, откако поради пожар во неколку скопски населби повеќе од три часа имаше прекин на струјата.

„Нашите екипи го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за сите корисници засегнати од денешниот прекин во одредени делови од Скопје“,
соопштија од компанијата.
Оттаму додаваат дека повторно се вратени во функција далекуводот и трафостаниците „Аеродором“ и „Исток“.
Претходно, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека пожарот што попладнево изби на депонијата во Вардариште е ставен под контрола.
Најави дека жителите на населбите Аеродром, Ново Лисиче, Методија Андонов Ченто, Индустриската зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево и Бунарџик постепено ќе почнат да добиваат струја.
Поради пожарот екипите на Електродистрибуција превентивно го исклучија далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“. Оваа мерка беше преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежата.
Поврзани вести:
- Пожарот во Вардариште е ставен под контрола – Аеродором и Ново Лисиче постепено ќе добиваат струја
- Поради пожарот во Вардариште превентивно е исклучен далекуводот за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ – велат од Електродистрибуција
- Пожар на депонијата во Вардариште ги остави без струја жителите на населбите Аеродром и Ново Лисиче