Патот Свети Николе – Куманово претходно три часа беше затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна несреќа
Од 8 часот утринава сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово е нормализиран и се одвива непречено, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Патот Свети Николе – Куманово претходно три часа беше затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна несреќа.
Сообраќајот на другите патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.