Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Велес-Штип, соопштија од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, од АМСМ известија дека овој патен правец е затворен од 17:45, поради намалена видливост од пожар кај Градската депонија. Од 18:15 часот, сообраќајот на патот Велес-Штип се одвиваше по една коловозна лента.
Од АМСМ, исто така, информираа дека поради намалена видливост од пожар, од 16 часот во прекин е и патниот правец Кочани-Виница-Берово.