Сообраќајот на овие патишта од вчера беше во прекин поради пожарите кои има на одредени делови беа и покрај коловозите

Сообраќајот на експресниот пат од Ранковце кон Крива Паланка од утринава е нормализиран и се одвива во двата правци, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму додаваат дека е нормализиран сообраќајот и на скопската обиколница, на потегот од клучката кај селото Орман до онаа кај Мирковци.
Сообраќајот и кон граничниот премин „Блаце“ денеска е пуштен за сите видови возила, откако вчера од 17:20 бешее пуштен за патнички возила, но сè уште важеше забраната за камиони.
Сообраќајот на овие патишта од вчера беше во прекин поради пожарите кои има на одредени делови беа и покрај коловозите.