Донор е 44 – годишна пациентка која попладнево е дијагностицирана со мозочна смрт
Доцна вечерва, медицински тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце од 44 – годишна пациентка која попладнево е дијагностицирана со мозочна смрт, со што започна подготовката за трансплантација на овие органи кај тројца пациенти, објави на својот фејсбук-профил, министерот за здравство Венко Филипче.
Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива.
Инаку ова е трета трансплантација од јануари и петта во изминатава година.
„Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија“,
напиша Филипче.
Тој претходно вечерва на социјалните мрежи најави дека се пратав подготовки за четвртата трансплантација на срце во земјава.