Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето
Во 2 часот по полноќ, оваа ноќ ќе започне летното сметање на времето со кое стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред.
„Летното сметање на времето започнува на 27 март. Стрелките на часовникот во 02 ч. 00 мин. 00 сек., се поместуваат за еден час нанапред, со тоа што времето во 02 ч. 00 мин. 00 сек. се смета како 03 ч. 00 мин. 00 сек.“,
потсетија од Владата.
Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето.
Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.