Мерката стапува на сила од понеделник и ќе важи до март
За патниците од Велика Британија, Данска и Јужна Африка, има дополнителни услови – негативен ПЦР тест, 7 дена карнтин и уште еден контролен тест
Од понеделник Турција воведува меѓународни мерки на претпазливост при патување, кои предвидуваат негативен тест за ковид – 19 за сите што влегуваат во земјата.
Мерката ќе важи до март.
Ова на Твитер го најави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, кој напиша дека ПЦР-тестот мора да биде направен најмногу 72 часа пред тргнувањето на пат кон Турција. За сите кои нема да имаат тест задолжителен е карантин.
Претходно, тестовите за патување во Турција не беа задолжителни.
Обврската ќе важи и за сите патувања – по копно и море.
За патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, Данска и Јужна Африка, пак, важат дополнителни услови, односно освен негативе тест, ќе мора да поминат уште седум дена карантин по што ќе мора да направат уште еден тест.
Одлуката следи, откако Турција се најде на листата на земја со висока стапка на дневно заразани во светот, со неделен просек од 20 000 потврдени инфекции на ден.
Според официјалните податоци, вкупниот број на смртни случаи од коронавирус е 19 371 луѓе.
