Еден од овие 13 амандмани кои не се усвоени е и амандманот поднесен од страна на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој предвидува во ребалансот на Буџетот да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите во јавниот сектор, односно нивно услогласување со минималната плата за 2 806 денари
Откако амандманот на ССМ не беше усвоен, тие, како што претходно најавија, од утре (22 јуни) ќе стапат во генерален штрајк секаде кадешто се синдикално организирани, односно во војската, полицијата, образованието, здравството, комуналните претпријатија, општините, управата, администрацијата
Заврши вториот ден од амандманската расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде од вчера се расправа за поднесените амандмани во контекст на ребалансот на Буџетот за оваа година. Но, од досега разгледаните 13 од вкупно 204 предложени амандмани, ниту еден не е усвоен.
Еден од овие 13 амандмани кои не се усвоени е и амандманот поднесен од страна на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој предвидува во ребалансот на Буџетот да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите во јавниот сектор, односно нивно услогласување со минималната плата за 2 806 денари.
Откако амандманот поднесен од ССМ не беше усвоен, тие, како што претходно најавија, од утре (22 јуни) ќе стапат во генерален штрајк секаде кадешто се синдикално организирани, односно во војската, полицијата, образованието, здравството, комуналните претпријатија, општините, управата, администрацијата.
Од ССМ појаснуваат дека согласно правилата за време на генералниот штрајк ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор.
Во однос на поднесените амандмани за ребалансот на Буџетот, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека преку предложените амандмани, тие се обидуваат во повеќе области, особено во сферата на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина да ги подобрат условите за живот на граѓаните, за помалку да ја почувствуваат енергетската криза.
Од друга страна, пак, владејачкото мнозинство е со став дека проектираната калкулација во ребалансот ќе обезбеди заштита на стандардот на граѓаните и совладување на предизвиците.
Расправата за ребалнсот на Буџетот во матичната Комисија за финансирање и буџет продолжува утре во 11 часот по амандманот број 14.
