Во март, „Нисан“ го прекина производството во фабриката во Санкт Петерсбург поради прекини во синџирот на снабдување. Оттаму велат дека ја следеле ситуацијата, но немало „видливи“ промени во надворешното опкружување, поради што решиле да излезат од рускиот бизнис
Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ денеска објави дека ќе го продаде својот бизнисс во Русија на државна компанија за едно евро, што ќе му донесе загуба од околу 687 милиони долари. Јапонската компанија објави дека ќе го пренесе сопственичкиот удел во Nissan Manufacturing Russia на државната компанија НАМИ.
Договорот ќе го гарантира правото на „Нисан“ да го откупи бизнисот во рок од шест години, истакна руското Министерство за индустрија и трговија, а министерот Денис Мантуров рече дека тоа е „многу важно за индустријата“.
„Продажбата на бизнисот на НАМИ ги вклучува производствените и истражувачките капацитети на Нисан во Санкт Петерсбург и продажниот и маркетинг центар на јапонската компанија во Москва“,
соопшти Министерството.
Во март, Нисан го прекина производството во фабриката во Санкт Петерсбург поради прекини во синџирот на снабдување. Оттаму велат дека ја следеле ситуацијата, но немало „видливи“ промени во надворешното опкружување, поради што решиле да излезат од рускиот бизнис.
Компанијата соопшти дека со овој потег ќе забележи еднократна загуба од околу 100 милијарди јени (687 милиони долари) во деловната година што завршува во март 2023 година, и покрај тоа што ја потврди својата проценка за годишните оперативни резултати.