Министерот Николовски во писмото посочува дека доаѓа период во кој, од поддршката на земјоделството и земјоделците и од нивниот труд директно ќе зависи производството на домашна храна и производи кои ќе засегнат повеќе производствени сектори. Затоа, заради политички несогласувања, посочува министерот, законите во вакви глобални услови и предизвици не смее да паднат на грбот на земјоделците
Тој од Мицкоски и опозициските пратеници бара заедно да им помогнат на земјоделците за нови реколти, поголемо производство и подостоинствен живот, да покажат дека се обединети околу најважните и стратешките приоритети во овој сектор
Преку отворено писмо, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пратениците од неговата партија и коалицијата да го овозможат носењето на деветте земјоделски закони кои се во собраниска процедура и од кои, како што посочува, директно и индиректно зависат 20 000 семејства.
Министерот потенцира оти писмото не е политички пазар, туку апел за потребата од разум и валоризирање на земјоделскиот труд, а доаѓањето и останувањето на власт, порачува, не треба да биде единствената кауза.
„Доколку ја продолжиме политичката (не)култура на нерационални политички битки врз грбот на граѓаните, недовербата и апатијата кај нив само ќе растат. Сметам дека е време да ги препознаеме обединувачките точки со кои ќе го намалиме растечкото чувство меѓу граѓаните дека во државата владее единствено неединство кое воопшто не е рационално од позиција на земјоделец кој ја чека својата субвенција за да почне нова реколта и да овозможи пристоен приход за себе и семејството“,
стои во отвореното писмо на министерот Николовски.
Тој во писмото додава дека доаѓа период во кој, од поддршката на земјоделството и земјоделците и од нивниот труд директно ќе зависи производството на домашна храна и производи кои ќе засегнат повеќе производствени сектори. Затоа, заради политички несогласувања, посочува министерот, законите во вакви глобални услови и предизвици не смее да паднат на грбот на земјоделците.
Тој од Мицкоски и опозициските пратеници бара заедно да им помогнат на земјоделците за нови реколти, поголемо производство и подостоинствен живот, да покажат дека се обединети околу најважните и стратешките приоритети во овој сектор.
„Убеден сум и тоа ме води во мојата работа, дека никому не оди во прилог ако врз грбот на нашите граѓани се поставува одново и одново прашањето: „Кој добива, а кој губи со блокада на Собранието?”. Одговорот е кристално јасен и во континуитет како политичари го добиваме од граѓаните. Пораката е јасна, тие се уморија да нè слушаат во нашите препирки и несогласувања, затоа е неопходно да се насочиме кон брзо решавање на животните и егзистенционалните приоритети на земјоделците и сите наши сограѓани, особено во време на вакви големи светски кризи“,
истакнува Николовски.
Според министерот Николовски, политиката не смее да биде пречка за граѓаните кои својот труд го вложиле на нива, на фарма, на поле и кои произведуваат храна, а доаѓањето и останувањето на власт, како што вели, не треба да ни биде единствената кауза.
Во писмото министерот потсетува на законите кои моментно се во собраниска процедура – законот за земјоделство и рурален развој, законот за земјоделство и рурален развој (скратена постапка) вклучително и негови измени, законот за основање агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (скратена постапка), законот за шуми, законот за Државниот инспекторат за земјоделство и законот за шумарска и ловна инспекција и закон за земјоделско земјиште.