Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на денешниот партиски Конгрес кој поради пандемијата се одржува онлајн, презентира делови од скратениот извештај за изборните активности на партијата.
„Зад нас е многу значајна победа на изборите и формирање мнозинство во парламентот и формирање на институции, за со нов мандат да им служиме на граѓаните“,
рече тој на почeтокот обраќајќи се до делегатите.
Тој најави силно присуство на терен, разговори очи в очи со граѓаните и мониторин систем на општинските организации, редовна контрола и анализа на ветеното пред граѓаните и исполнетото, континуирани комуникации внаатре и и надвор од партијата, едукација и истражување на на јавното мислење на разни теми, екипирање и едукација на стручните служби…
„Целта е зголемена ефикасност и мобилност на секој функционер и на партијата, исполнување на партиските ветувања и изборните програми низ зголемена присутност на терен кај граѓаните“,
рече Николовски, најавувајќи максимален ангажман на секој член на претстојните локални избори.
„Очекуваме победа на локалните избори и тоа ќе го почнеме од Штип“,
рече Николовски, најавувајќи ги предвремените избори во овој град на 13 декември.
Говорејќи за статутарните измени, Николовски рече дека во преамбулата на статутот покрај слободата и демократијатаа како цивилизациск вредност се додава и правдата, која заедно со економијата се симболи на трајната определба на партијата.
Најави дека СДСМ носи нова генерација политичари која им можнност да креира нов профил на политичари кои се водата од највисоките морални вредности, кои сами на себе ќе си бидат контрола и на тој начин ќе ја избришат сликата на корумпирани политичари.
„Од друга страна се ВМРО-ДПМНЕ кои се заглaвени во времето на режимот и на своите интересии командувани од надвор од Будимпешта. И таму има луѓе кои се за конструктивност и соработка и им посакувам да се изборат и да се ослободат од криминалните стеги околу нив“,
рече Николовски.