Упатувам повик до сите кои што живеат во Ново Село да излезат масовно на избори затоа што е тоа нивно право, да не паѓаат на црна кампања, ниту на заплашување ниту на уцени, рече Николоски
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска при посетата на Ново Село ги повика тамошните жители да излезат на 31 октомври и гласот да го дадат за нивниот кандидат за градоначалник, Ѓорѓе Божиков.
„Во Ново Село доаѓаат промените всушност тоа се чувствува во средбите со граѓаните, на улиците, во сите населени места во општина Ново Село. На 31 октомври сум убеден дека Ѓорѓе Божинов ќе стане нов градоначалник на Ново Село. Заеднички ќе создадеме нова иднина за Ново Село и за сите населени места во општина Ново Село“,
рече Николоски.
Тој најави дека имаат програма која вклучува борјни проекти и рече дека по завршувањето на локалните избори извесна е промената и на централната власт.
„Со едно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе соработуваат локалната и централната власт со цел да се реализираат бројни проекти. Би сакал да упатам еден повик до сите кои што живеат во Ново Село да излезат масовно на избори затоа што е тоа нивно право, да не паѓаат на црна кампања, ниту на заплашување ниту на уцени. И да им порачам на оние кои што ги прават уцените и заканите и притисоците дека ќе одговараат затоа што е тоа тешко кривично дело согласно Изборниот законик“,
рече Николоски.