Николски и британскиот министер за економија и извоз, Герет Томас, на 22 мај во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива можност за заем од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вечерва преку објава на социјалните мрежи ја поздрави ратификацијата на Договорот меѓу С Македонија и Обединетото Кралство во Собранието, наведувајќи дека тој е од историско значење за земјава и нејзиниот развој.

„Денеска во Собранието е изгласан Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Овој договор е од историско значење за Македонија и развојот на државата“,
напиша Николоски на Фејсбук.
Со овој Договор, како што наведува тој, се потврдува партнеството меѓу двете држави и води кон огромни заеднички проекти.
„Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија многу подобро место за живеење“,
додава вицепремиерот и министер за транспорт во објавата.
Николски и британскиот министер за економија и извоз, Герет Томас на 22 мај во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива можност за заем од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти.
Законот за негова ратификација денеска попладне во Собранието беше изгласан со 76 гласа „за“, а „против“ беа шест пратеници, додека воздржани немаше.
Во рамките на дискусијата пред гласањето, пратениците на СДСМ дадоа многу забелешки на Договорот, а координаторот на пратеничката група на опозициската партија, Оливер Спасовски ја доведе во прашање неговата владиност, бидејќи во англиската верзија, како што кажа, има две недоследности кои го прават Договорот ништовен
Пратениците од најбројната партија од парламентарното мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, пак, во одбрана на Договорот рекоа дека тој е историски и од него нема да трпи ниту еден граѓанин, туку напротив, тој ќе придонесе за зголемување на Бруто-домашниот производ (БДП) и ќе донесе повеќе директни странски инвестиции.