Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на првоосомничениот Бојан Јовановски, тој го предупредил дека бил под истрага уште на 3 април, пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“, порача на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
„Бараме МВР и Јавното Обвинителство против Зоран Заев да отвори случај за сторено кривично дело прикривање и помагање во сторување на кривично дело. Зоран Заев се надеваше дека корона кризата ќе го спаси него и неговите најблиски од одговорност и од дознавање на јавноста што се случувало со „Рекет“. Но еве денеска вистината излезе на виделина“,
порача Никоски.
Јовановски на денешното рочиште изјави дека лично од тогашниот премиер Зоран Заев дознал дека странски служби и обвинител имаат предмет против него и Катица Јанева уште на 3 април 2019.
