Николоски во објава на Фејсбук наведува дека уште додека ВМРО-ДПМНЕ била во опозиција искажала сомнежи дека се следени од тајните служби, кои, како што вели, биле злоупотребувани од власта на СДСМ И ДУИ. Покрај овие партии, тој го споменува и поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски
Објавата на вицепремиерот и министер за транспорт доаѓа откако во петокот беше објавено дека Агенцијата за национална безбедност доставила три известувања до Јавното обивнителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска го повика Обвинителството да ги истражи индициите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за злоупотреби што биле вршени во Агенцијата за време на претходното раководство, а одговорните да бидат процесуирани.

Ваквиот став Николоски го сподели во објава на социјалните мрежи, во која на самиот почеток со големи букви пишува дека одговорноста и процесуирањето на одговорните за злоупотреба на тајните служи е предуслов за демократија во Македонија.
Oбјавата на вицепремиерот и министер за транспорт доаѓа откако во петокот беше објавено дека Агенцијата за национална безбедност доставила три известувања до Јавното обивнителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување.
Известувањата, како што велат од АНБ, се резултат на внатрешна истрага спроведена по промена на власта во 2024 г., а се однесуваат на постапувања во периодот од 2019 до 2024 година.
Николоски во објавата на Фејсбук наведува дека уште додека ВМРО-ДПМНЕ била во опозиција искажала сомнежи дека се следени од тајните служби, кои, како што вели, биле злоупотребувани од власта на СДСМ И ДУИ. Покрај овие партии, тој го споменува и поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски.
„Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа! Повикувам Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби“,
вели Николоски во објавата на Фејсбук.

Инаку, како што објави „360 степени“ во петокот, внатрешната истрага во АНБ довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта.
Вел на друга обработка, меѓу другото, биле јавен обвинител и министер во тогашната влада.
Според информациите, било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, на пример, за еден пратеник на тогашната опозиција, во постапка за добивање безбедносен сертификат. Истрагата на АНБ утврдила дека во овие случаи противправно биле користени материјално-техничките ресурси на Агенцијата, а незаконски се спроведувало и следење на комуникациите.
Известувањата до Обвинителството, велат од АНБ, биле испратени пред околу еден месец.
Дел од медиумите денеска, повикувајќи се на неофицијални информации, објави имиња на лица, меѓу кои и на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, поранешна јавна обвинителка и новинари кои наводно биле цел на оперативна обработка за време на претходното раковдство на АНБ, а што всушност е и повод за реакцијата на Николоски.
Сепак, засега ниту од АНБ ниту од Обвинителството нема официјална потврда, кога станува абор идентитетот на лицата што биле цел на оперативни обработки.
За потсетување, актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски, а во периодот што оттаму го посочија во петокот со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Зарко Милошевски.