„Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а ‘Пошта’ да го носи товарот. Кога ќе ги видите приходите, со 75% од пазарот пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25% од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го коригираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е нов софтвер, со што се обидуваме пошта да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте”, рече вицепремиерот и министер за транспорт во телевизиско гостување
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски најави реструктуирање на „Македонски пошти“ и обновување на возниот парк на државната компанија, што, според него, ќе доведе до нејзин раст и зголемена профитабилности.

Тоа, како што кажа тој во гостување на ТВ Алфа, покрај со осовременување на возниот парк, ќе се постигне со воведување ново софтверско решение и законски измени што ќе ѝ помогнат на компанијата дополнително да расте.
Според него, актуелната Влада, успеала да ја консолидира компанијата, без да отпушта вработени во неа, а редовно, како што кажа, се исплаќаат платите и сите други законски права што им следуваат на вработените.
Говорејќи за осовременувањето на возниот парк, Николоски рече дека на „Македонски пошти“ ќе ѝ бидат донирани 100 комби возила, од кои 90 ќе бидат помали и 10 големи.
„Некоректно е приватните пошти да го земаат целиот пазар, а ‘Пошта’ да го носи товарот. Кога ќе ги видите приходите, со 75% од пазарот пошта има приход од некаде 11 милиони евра, додека приватните пошти со 25% од пазарот, имаат некаде 18 милиони евра. Тоа мора да го коригираме, ќе донираме 100 комби возила, од кои 90 помали и 10 поголеми. Понатаму тука е нов софтвер, со што се обидуваме пошта да ја ставиме во една добра позиција и со законски измени ќе помогнеме компанијата дополнително да расте”,
рече вицепремиерот и министер за транспорт.
Во таа насока, тој го најави и реструктуирањето на „Македонски пошти“, истовремено критикувајќи ја претходната Влада предводена од СДСМ за нејзините намери да ја продаде компанијата. Палнот за реструктуирањето на државната компанија, рече, ќе биде реализиран во периодот што следи.
“Претходната Влада на СДСМ сакаше да ја продаде и на таков начин да го реши проблемот. Знаете дека двајца генерални секретари се или под истрага, или се осудени, за тоа што го правеле поврзано со ‘Пошта’. Јас и тогаш кажав, дека додека сум министер нема да се испуштаат луѓе од работа и никој не е испуштен од работа, иако имаше барања и од Европската Унија за нешто такво. Јас реков дека ќе стигнеме до рационализација и намалување на трошоците, но преку подобрување на работењето и зголемување на профитабилноста”,
рече вицепремиерот и министер за транспорт во телевизиското гостување.

Во него тој говореше и за изградбата на автопатот Кичево Охрид. Најави дека преку ново градежно решение, односно преку изградба на т.н. градежни галерии целосно ќе се реши проблемот со лизгањето на земјиштето на клучните делови од автопатот и негово стабилизирање.
Николоски рече дека станува збор за голем и иновативен градежен зафат кој вклучува 14 т.н. галерии, нешто, што како што рече, го нема во целиот регион.
“Станува збор за најтешкиот дел од автопатот. Се работи во планина, со земјиште кое што за жал се движи цело време и тешко се стабилизира бидејќи е хетерогено и има многу вода. Вториот проблем е што станува збор за височини од 900 до 1 200 метри надморска висина и единствениот начин тоа да се реши е со овој иновативен метод кој што го воведовме со изградба на галерии за стабилизација на земјиштето. Станува збор за два вида на проекти, едниот е со видливи галерии, а вториот кај селото Ботун со внатрешна стабилизација на земјиштето или ќе се влегува внатре од 12 до 16 метри во земјата, нешто што е направено и дизајнирано од македонски експерти и ќе биде изведено од македонски компании”,
рече Николоски.
Како причина што доведе ова автопатско решение да се гради толку долго, Николоски го наведе лошото планирање во минатото, како и дополнителното стопирање на проектот од претходните власти.
