Министерот за транспорт на француските компании им нагласил дека замјава е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација, а оти условите за инвестирање се меѓу најконкурентните во регионот
Министерот за транспорт Александар Николоски информира дека за време на работната посета на Париз одржал средба со најголемите 11 компании во Франција на кои им ги претставил условите за инвестирање во земјава.

За време на средбата со претставниците на француските компании, Николоски им ги презентирал транспoртните политики на земјава преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, чие унапредување, како што рекол, е особено значајно за поевтин и побрз карго транспорт за Централна Европа. Воедно, ги презентирал плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.
„Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори, а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот“,
рекол Николоски на средбата со француските компании.
Министерот нагласил дека замјава е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација, а оти условите за инвестирање се меѓу најконкурентните во регионот.