Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ ја обвини власта за несериозно справување со корона-кризата.
„Ние цело време апелираме и дадовме огромен простор како опозиција, веројатно како ретко која опозиција во регионот, па ако сакате и на светско ниво, ние дадовме шанса, ние не снимаме платена политичка програма како што можете да видите во САД со мртви луѓе и да го обвиниме првиот човек на државата дека е виновен. Ние дадовме шанса, но таа шанса се руши како кула од карти затоа што наместо да ја искористат и да го решат проблемот, Македонија во моментов ќе стане изолиран негативен остров во регионот, никој нема да ги отвори границите, ниту од соседите за Македонија, затоа што има вакви бројки какви што има. На 2 милиони држава, на релативно мала територија, да не може власта да се избори со вирусот, само покажува за какво фијаско се работи“,
вели Николоски.
Тој направи споредба со Хрватска и со Словенија и бројките на новозаразени во овие држави.
