„А се надевам дека ќе имам бројни средби кои ќе донесат нови инвеститори во Македонија и нови пријатели на Македонија”, вели Николоски
Вицепремиетот и министер за транспорт, Александар Николоски е во работна посета на главниот град на Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум.

Во рамките на посетата, како што информираа од попладнево од Министерството за транспорт, Николоски ќе го отвори Форумот, а ќе има и средби на маргините на настанот, на кој ќе се разговара на политички и економски теми.
За својата посета на Виена, преку видео обраќање, информира и вицепремиерот и министер за транспорт, кој вели ја има честа да биде дел од најголемиот форум во делот на економијата во Југоисточна Европа.
„Имам чест да бидам поканет на Виенскиот економски форум и дополнително на тоа најголемиот форум во делот на економијата во Југоисточна Европа, форум на кој доаѓаат бизнис лидери, политичари, банкари, економисти и се разговара за економијата во Југоисточна Европа. Честа е уште поголема што можам да бидам еден од тројцата говорници што ќе го отворат Виенскиот економски форум“,
вели Николоски во видеообраќањето.
Додава дека на настанот ќе зборува за она што го работи македонската влада во изминатите една година и неколку месеци, за економските достигнувања, како и за плановите за равој во периодот што следи.
„Македонската економија постигнува завидни резултати, растот е најдобар во целиот региот и тоа е нешто што ќе го правиме во следниот период. Ќе ги презентирам добрите економски политики, фискалните политики, политиките во делот на инвестициите, на развојот, на инфраструктурата на градежништвото и сето она што ја движи македонската економија, а се надевам дека ќе имам бројни средби кои ќе донесат нови инвеститори во Македонија и нови пријатели на Македонија”,
вели Николоски.
