Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски очекува СДСМ да биде декласиран на престојните предвремени парламентарни избори заради, како што вели, насобраниот бес кај граѓаните поради продадените национални интереси, нереализираните проекти и корумпираноста на власта.
Николоски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека ќе има и најлесна задача од сите шест носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има лесен противник во четвртата изборна единица иако тој е претседател на СДСМ.
„Тоа е така, бидејќи ништо не е направено во четвртата изборна единица и имаме еден тон нереализирани ветувања“,
рече Николоски.
Тој вели дека секој ден се гледа по некој еклатантен пример за рекет, а Јавното обвинителство не презема ништо, туку единствено ги осудило „ситните риби“ во случајот Рекет, иако, според него, се знаело кој е главен и каде завршиле парите од рекетот на бизнисмените.
Николовски истакна дека ниту еден европски политичар не сака да има средба со корумпирани политичари од земјава и тврдејќи дека ниту еден политичар немал билатерална средба со поранешниот премиер Зоран Заев, откако излегле аферите со корупцијата.
