Покрај министерот за транспорт, кој беше потписник на договорот со Британија, членови на координативното тело се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство Сања Божиновска, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и за здравство Азир Алиу. Во координативното тело ќе членуваат и директорот на Македонски железници – Инфраструктура, генералниот секретар на Владата и државниот правобранител
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информира дека Владата на вчерашната седница формирала координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на договорот со Велика Британија

Покрај Николоски, кој беше потписник на договорот со Британија, членови на координативното тело се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство Сања Божиновска, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и за здравство Азир Алиу. Во координативното тело ќе членуваат и директорот на Македонски железници – Инфраструктура, генералниот секретар на Владата и државниот правобранител.
„Телото може да кани и други гости по потреба, кои ќе ја следат реализацијата и спроведувањето на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија“,
информира Николоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија Герет Томас на 22 мај во Лондон го потпишаа договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, со кој на земјава ѝ се става на располагање заем од пет милијарди фунти.