„Одлуката е нивна. Стојам на тоа дека двата актуелни мобилни оператора, а и кабелските доминантни оператори мора да го почитуваат Законот. Во овој момент, според мене, законот не се почитува. Ги повикувам да го почитуваат законот и се надевам дека ќе го направиме тоа во добра волја, со цел да има најдобра можна соработка со националните телевизии“, вели вицепремиерот и министер за транспорт
Дали ќе има или ќе нема трет мобилен оператор зависи исклучува од постојните два оператора. Доколку почнат да се натпреваруваат меѓу себе со услуги и цени, простор за трет оператор нема. Доколку продолжат да се однесуваат вака дуополски, да ги креваат цените, а да ги влошуваат услугите, има огромен простор за трет мобилен оператор. Ова денеска на прес-конференција го рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на која го презентираше сработеното од првите 100 дена од стапување на функцијата и посочи дека целта е граѓаните, претпријатијата и институциите да добијат поевтина цена и подобри услуги кај операторите.
„Одлуката е нивна. Стојам на тоа дека двата актуелни мобилни оператора, а и кабелските доминантни оператори мора да го почитуваат законот. Во овој момент, според мене, законот не се почитува. Ги повикувам да го почитуваат законот и се надевам дека е направено со добра волја тоа, со цел да има најдобра можна соработка со националните телевизии“,
рече тој.
Посочи дека Владата не планира да прави непринципиелни договори со двата оператора, но не планира и да им попушта како што тоа го правеле претходните влади.
„Мислам дека лоши сценарија никој не би сакал да види каде што би оделе со казни или каде што би оделе со принудување. Секое трпение има крај. Сметам дека ова во следните недели треба да се заврши. Или ќе го почитуваат законот или како и за сите други ќе се преземат мерки“,
вели Николоски.
Ги повикува двата оператора да го почитуваат законот и да направат договори за да им плаќаат надомест на националните телевизии што ги емитуваат преку кабелските телевизии.
Николоски во јули најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава. Како причина за воведувањето трет оператор ги наведува цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои, како што рече, во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави.
На почетокот на септември, премиерот Христијан Мицкоски, објаснувајќи го потпишувањето на меморандумот за соработка на Владата со телекомуникацискиот оператор „Фор-ај-џи“ (4iG) рече дека тендер за нов трет мобилен оператор мора да има, а ќе биде распишан во следниот период,
Инаку, за прашањето за евентуален влез на унгарски „Фор-ај-џи“ во Северна Македонија како трет мобилен оператор, во услови кога има стратешко партнерство со кинескиот производител „Хуавеј“, во изминатиот период известуваше „360 степени“.