Претседателот на државата смета дека нема да има придвижувања во бугарско-македонскиот спор до јануари
Претседателот Стево Пендаровски не очекува придвижувања на македонско-бугарскиот спор овој месец зашто смета дека мнозинство за формирање нова влада во Бугарија ќе се направи во јануари. Единствена функционална институција таму, вели, засега е само претседателот Радев, а до 14 декември веројатно ќе се конституира и парламентот, но со нив не може да се преговара.
Од друга страна, Пендаровски смеат дека ние немаме никаква причина да се плашиме од евентуално „проширување“ на спорот од билатерален во паневропски, а компромисот, пак, подразбира попуштање од двете страни.
„Она што го зборува Димитров кога вели и јануари, тоа е само зашто не сме сигурни дека во Бугарија ќе има формирана влада. Парламентот сигурно ќе биде формиран до 14 декември, пред Евртоскиот совет. Роковите кај нив се слични како кај нас. Ако некој направи мнозинство, тоа ќе биде во јануари. Но, во јануари се празниците, нема да има никој во Брисел. Инаку, нека стане и повеќе од билатерален спорот, па нека видат и другите европски членки за какви во дел небулозни барања станува збор, велат едни. Ние немаме никаков проблем за да се плашиме од повеќе Европа во спорот со Бугарија, нека има повеќе Европа, но Бугарија инсистира на строга билатерала.Не гледам греда и да се сложиме на едниот или на другиот пристап, но најмалку 11 па и 12 земји во ЕУ не го сакаат тоа. Немаат намера да се занимаваат со билатерален спор. Европа не сака билатерален спор да претвори во паневропски. Вишеградската група вели – не сакаме увоз на чист билатерален спор“,
нагласи Пендаровски.
Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител потенцира дека нашата Декларација со ниту еден збор не ја навредува бугарската нација, а нивната е навредлива кон нас во многу точки – дека ние не сме тоа што сме и дека не зборуваме на јазикот на кој зборуваме или дека пред 1944 година сме биле нешто друго.
Бугарската страна тврди дека кај нас има говор на омраза кон се што е бугарско и дека има бројни примери на дискриминирани етнички Бугари, истакнува Пендаровски и предлага ако има таков слуќај отворено да се зборува за тоа.
„Дајте да разговараме за тоа, не можеме да замижеме пред еден таков сучај – ако му е одземено правото на некој во Северна Македонија или е малтретиран и омаловажуван зашто е Бугарин“,
рече Пендаровски.