Европската комисија постојано нагласува дека е невозможно однапред да се одреди каков било датум за пристапување на Украина кон заедницата, и покрај барањата на Киев
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека Украина нема да може да ѝ се приклучи на Европската Унија до почетокот на 2027 година.

Зборувајќи на конференција во Брисел, таа посочи оти на сите во просторијата им е јасно оти е невозможно Украина да стане членка на ЕУ до 1 јануари 2027 година.
Според европската комисарка, прво мора да се воспостави мир, а потоа да се спроведат реформи.
„Инвеститорите ќе дојдат во Украина само ако можат да остварат профит и ако нивните инвестиции се безбедни“,
рече таа.
Сепак, додаде и дека Унијата има за цел да прими нови членови до 2030 година, посочувајќи дека поголема ЕУ би значела повеќе ресурси, но нејзиното проширување би ги комплицирало процесите на донесување одлуки во рамките на Унијата.
Според Кос, методологијата за проширување на ЕУ е дизајнирана за смирени услови, каде што земјите кандидатки имаат доволно време за реформи и додаде дека се потребни приспособувања за да се рефлектира тековната геополитичка реалност.
Европската комисија постојано нагласува дека е невозможно однапред да се одреди каков било датум за пристапување на Украина кон заедницата, и покрај барањата на Киев.
Претходно, „Политико“ објави дека ЕУ подготвува план за делумно членство на Украина во блокот во 2027 година.
Се зборуваше дека Украина би можела да добие место на преговарачката маса на ЕУ пред да ги спроведе реформите потребни за полноправно членство. Планот неформално е наречен обратно проширување бидејќи предвидува прием на земји во блокот откако првично ќе ги исполнат критериумите за пристапување.
Претходно, Владимир Зеленски побара од ЕУ да ја прими Украина до 2027 година.
