Најсилно погодена е провинцијата Британска Колумбија, каде во градот Литон е регистрирана рекордна температура од 49,6 степени Целзиусови
Во топлотниот бран што ја зафати Канада досега починаа најмалку 233 лица, соопштија властите.
Ова е невиден црн рекорд поради екстремно високи температури во земјата. Најсилно погодена е провинцијата Британска Колумбија, каде во градот Литон е регистрирана рекордна температура од 49,6 степени Целзиусови.
Претходниот рекорд беше поставен во минатиот век, во 1937 година со измерени 45 степени.
Експертите предупредуваат дека таквите екстремни температури може да предизвикаат и големи шумски пожари.