Израелскиот премиер изјави дека очекува новата офанзива да заврши многу брзо
Бенјамин Нетанјаху најави дека целта на новата офанзива е да се заземат двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, со што потврди дека Израел нема намера да запре и покрај острите реакции на меѓународната заедница.

„Израел нема друг избор освен да ја заврши работата и да го порази Хамас, со оглед на тоа што групата одбива да го положи оружјето. Временската рамка што ја поставивме за акцијата е доста кратка. Пред се сакаме да овозможиме воспоставување на безбедни зони за цивилното население во Газа да може да се евакуира“,
изјави Нетанјаху.
Во петокот, Израел го одобри новиот план за проширување на воените операции и преземање контрола врз Газа Сити, најголемиот урбан центар во енклавата.
„Не сакам да зборувам за точни рокови, но зборуваме за релативно краток временски период, бидејќи сакаме да ја завршиме војната. Вака ќе ја завршиме војната“,
рече израелскиот премиер.