Преговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан, кои се одржаа со посредство на САД, Катар и Египет, не дадоа резултати, иако сите страни изразија очекување дека е можен договор
Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека пред посредниците во потенцијалниот договор со Израел ја претставила својата „визија за мировен договор, која се темели на запирање на израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“, јавија британските медиуми.
Предлогот вклучува во првата фаза ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување на 700-1 000 палестински затвореници. Потоа тој предвидува ослободување и на 100 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор во израелските затвори, во замена за ослободување на израелските жени регрути. На крајот треба да следува одредување на рокот и датумот за израелско повлекување од Газа, се наведува во предлогот од Хамас.
Оттаму се додава дека бараат и помош и враќање на раселените Палестинци во нивните домови.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека новиот предлог на Хамас „сè уште се заснова на нереални барања“.
Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху, пренесено од британските медиуми, се наведува дека за најновите информации за ова прашање ќе биде информиран и израелскиот воен кабинет.
Преговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан, кои се одржаа со посредство на САД, Катар и Египет, не дадоа резултати, иако сите страни изразија очекување дека е можен договор.