Терминот Голем Израел почнал да се користи по Шестдневната војна во јуни 1967 година за означување на Израел и териториите што потоа ги освоил – Источен Ерусалим, Западниот Брег, Појасот Газа, Синајскиот Полуостров и Голанската Висорамнина
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се чувствува како да е на историска и духовна мисија и дека е многу поврзан со визијата за Голем Израел.

Новинарот Шерон Гал, кој кратко време беше десничарски застапник на Кнесетот, му подари на Нетанјаху она што тој го опиша како амајлија со „мапа на Ветената земја“. Гал на шега додаде дека не сака дополнително да го вмешува премиерот во случајот во кој Нетанјаху е обвинет дека примил накит и други луксузни предмети за себе и неговата сопруга Сара од неколку бизнисмени.
На прашањето дали чувствува поврзаност со визијата за Голем Израел, Нетанјаху одговори:
„Многу“.
Терминот Голем Израел почнал да се користи по Шестдневната војна во јуни 1967 година за означување на Израел и териториите што потоа ги освоил – Источен Ерусалим, Западниот Брег, Појасот Газа, Синајскиот Полуостров и Голанската Висорамнина.
Раните ционисти, вклучувајќи го и Зеев Жаботински, политичкиот претходник на партијата Ликуд на Нетанјаху, исто така го користеле терминот и за подрачјето на денешен Израел, Газа, Западниот Брег и Јордан. Во поширока форма, тој вклучувал и значајни делови од Сирија, Ирак, Египет, па дури и Саудиска Арабија.
Прашањето на Гал за Голем Израел дојде откако тој го праша Нетанјаху дали чувствува дека е на мисија во име на еврејскиот народ. Премиерот одговори дека е на мисија на генерации.
„Генерации Евреи сонувале да дојдат тука, а генерации Евреи ќе дојдат по нас. Ако ме прашате дали имам чувство за мисија, историски и духовно, одговорот е да“,
заклучи Нетанјаху.