Нетанјаху им порача на жителите на Техеран да излезат од градот, повторувајќи ја тактиката што Израел ја користеше во Газа – повикувајќи голем број цивили да се евакуираат пред да нападнат станбени области
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обрати до јавноста од воздухопловната база „Тел Ноф“ за време на посетата со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.

За време на посетата на југот на земјата, јужно од Тел Авив, Нетанјаху рече дека Израел има две цели во Иран: елиминирање на нуклеарната закана и елиминирање на ракетната закана.
Во текот на ноќта, Израел изврши напади врз неколку нуклеарни постројки во Иран.
Нетанјаху, исто така, им порача на жителите на Техеран да излезат од градот, повторувајќи ја тактиката што Израел ја користеше во Газа – повикувајќи голем број цивили да се евакуираат пред да нападнат станбени области.
Израелскиот претседател Исак Херцог, исто така, денеска се обрати до јавноста.
Тој го посети местото на ракетниот напад во централниот израелски град Петах Тиква каде што беа убиени четири лица.
Стоејќи пред оштетената зграда, Херцог рече дека е време за промена на режимот во Иран.
„Мислам дека на иранскиот народ му е доста и дека сака промени. А исто така сака и целиот регион – ние заслужуваме промени“,
рече Херцог.