Засега нема информации за причините за несреќата и за евентуални повредени лица

Сообраќајот на патот од Струмица до Ново Село е во прекин, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Прекинот, како што додаваат, е поради случена сообраќајна несреќа пред влезот во Ново Село.
Сообраќајот на овој магистрален пат е во целосен прекин од 14:10 часот.
Засега нема информации за причините за несреќата и за евентуални повредени лица.
