Возилата со кои непознатите лица дошле во кругот на зградата на М-НАВ, како што вели претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, воопшто не биле спречени од двојното обезбедување да му пристапат на објектот. Тие го поминале и обезбедувањето кое го врши надворешна фирма, но и обезбедувањето на М-НАВ
СДК.мк објави дека лицата што упаднале во објектот на Македонската навигација се членови на ДУИ. Групата наводно била лута оти поддршка на првиот синдикалец Тасевски на денешната прес-конференција му дале и контролорите етнички Албанци
Претседателот на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ, Александар Тасевски, на својот фејсбук-профил информира дека попладнево во просториите на Македонската навигација се случил инцидент кога неколку непознати лица упаднале во објектот, предизвикале вербална расправија и нападнале дел од вработените.

Упадот во објектот се случил непосредно откако Тасевски одржа прес-конференција на која информира дека членовите на Синдикатот се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување.
Возилата со кои непознатите лица дошле во кругот на зградата на М-НАВ, како што вели Тасевски, воопшто не биле спречени од двојното обезбедување да му пристапат на објектот. Тие го поминале и обезбедувањето кое го врши надворешна фирма, но и обезбедувањето на М-НАВ.
„Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски“,
вели Тасевски и посочува дека за случајот се известени министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи.
Инциденот кој се случил попладнево околу 15 часот е регистриран и во денешниот полициски билтен. Според пријавата, која во МВР стигнала од вработен во македонската навигација, тројца вработени во М-НАВ биле нападнати од свој колега и од уште неколку други непознати лица.
„Денеска (4.1.2024) околу 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
информираат од МВР.
Како што објави СДК.мк, лицата што упаднале во објектот на Македонската навигација се членови на ДУИ. Групата наводно била лута оти поддршка на првиот синдикалец Тасевски на денешната прес-конференција му дале и контролорите етнички Албанци.