Канцеларијата за борба против измами на Европската Унија (ОЛАФ) ја осомничи Ле Пен, како и уште тројца поранешни европратеници – нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, нејзиниот поранешен партнер Луис Алиот и поранешниот потпретседател на партијата, Бруно Голниш
Според извештајот, Ле Пен лично проневерила околу 137 000 евра народни пари од Парламентот во Стразбур во периодот од 2004 до 2017 додека била европратеничка

Кандидатката за претседател и лидер на екстремната десница во Франција, Марин Ле Пен, заедно со неколку политички соработници се соочува со обвинение за проневера на околу 600 илјади евра за време на нејзиниот мандат во Европскиот парламент, пренесе Гардијан.
Обвинението доаѓа од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).
Јавното обвинителство на Париз на 11 март го примило извештајот од ОЛАФ, во кој се опфатени обвиненијата против Ле Пен и кои во моментов се анализираат.
Адвокатот на Ле Пен, Родолф Боселу, го доведе во прашање тајмингот на обвинувањата, во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Франција на кои за една недела Ле Пен треба да се соочи со актуелниот претседател на Франција, Емануал Макрон.
Боселу, како што пренесе Гардијан, изјавил оти е запрепастен од начинот на кој постапува Европската канцеларија за борба против измами, додавајќи оти извештаите се поврзани со факти постари повеќе од 10 години.
Канцеларијата за борба против измами на Европската Унија (ОЛАФ) ја осомничи Ле Пен, како и уште тројца поранешни европратеници – нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен, нејзиниот поранешен партнер Луис Алиот и поранешниот потпретседател на партијата, Бруно Голниш.
Според извештајот, Ле Пен лично проневерила околу 137 000 евра народни пари од Парламентот во Стразбур во периодот од 2004 до 2017 додека била европратеничка.
Според најновата анкета на Ипсос, актуелниот француски претседател Емануел Макрон би победил во вториот круг од претседателските избори против Марин Ле Пен, со резултат од 55,5 отсто наспроти 45,5 отсто. Оваа разлика, сепак, е помала во однос на онаа од пред пет години, кога Макрон победи со 66,1 отсто од гласовите наспроти 33,9 отсто за Марин Ле Пен.